Илина не ја преболе љубовта со Игор: И вака и така тагувам

Date:

Актерот и шоумен Игор Џамбазов објави дел од својата нова книга „Книга што самата се напиша“. Но, вниманието со неговиот цитат овој пат и го привлече и на својата бивша девојка, планинарката  Илина Арсова со која се разделија, по неколку годишна врска.

„Подобро е да тагувам по неа ама да знам дека е среќна, одоколу таа да тагува по нешто, а јас да сум среќен‘, пишува Игор. На ова реагираше и Илина, по подолго време во јавноста, откако раскинаа. Па и таа ја сподели истата порака на Игор дополнувајќи: И вака и така ќе тагува …

И ова беше доволно да се коментира дека љубовта меѓу нив не завршила, иако се разделени.

Игор и Илина лани се разделија по неколку години врска. Тој во интервју за Репортер неодамна рече: Добро сум по разделбата. Јас сум, сепак, човек што не е во цутот на младоста. Оваа година полнам 60 години и, едноставно, во животот веќе немам време за разочарување и тагување. Тешко ми оди преболувањето, ама сфатив дека работата ми е единствената терапија.

Илина Арсова веќе подолго време е во Америка, каде доби престижна стипендија за докторски студии на Универзитетот во Тенеси.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Строгите правила што Амал Клуни ги воведе во семејството

Амал Клуни вели дека вовела строги правила дома за...

Рис Витерспун се бакнува страсно со новиот дечко

По два пропаднати брака, актерката Рис Витерспун ужива во...

СОФИЈА ВЕРГАРА ДОБИ СТАТУА ОД 7,5 МЕТРИ ВО РОДНИОТ ГРАД

Градот Баранкила во Колумбија сакаше спектакуларно да го прослави...

Објавени се номинациите за Еми за 2025 година, една серија се издвои

Американската академија за телевизиски уметности и науки го објави...