Изгоре дел од архивата во Кумановскиот суд, ќе се истражува како дојде во пожарот

Date:

Како изгоре архивата на кумановскиот суд, дали и какви последици ќе има тоа за судските предмети? Колкава е материјалната штета и дали со пожарот изгоре и последниот процент на доверба што граѓаните го имаат во правосудството? На овие прашања јавноста чека одговор од истражителите кои во наредниот период ќе утврдуваат како настана пожарот во подрумските простории на кумановскиот суд, каде што е сместена архивата.

Пожарот избувнал во подрумските простории на судот. Покрај архивата, изгорена е и водоводната инсталација, но и дел од системот за парно греење.

-И по повеќе од 12 часа кумановските пожарникари се борат да го изгаснат пожарот којшто ги зафати подрумските простории на кумановскиот суд. Иако е локализран, се уште излегува густ црн чад, гори хартија и архивска документација во подрумите. Теренот е тешко пристапен и се уште трае битката на пожарникарите, но за среќа човечки жртви нема.

Штета има, но допрва ќе се утврдува што се од архивската документација на судот изгорело. В.д претседателката на Основниот Суд во Куманово Снежана Манев изјави дека опожарена е стара документација, а не и активни судски предмети, но за сега не можат да потврдат колкава е штетата. Причината според првичните информации е спој што настанал во електричната инсталација.

Во зградата на Основен суд Куманово се наоѓа и Јавното обвинителство. Јавната обвинителка Теута Бедиу Рамадани кажа дека и нивна архива се наоѓа во опожарените подрумски простории, а што го предизвикало пожарот ќе треба да покаже увидот што ќе го направат.

Од МВР најавија дека експерти за криминалистички и технички испитувања и вештачења ќе ги испитуваат причините за пожарот што изби во кумановскиот суд и што точно е зафатено со него.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВМФЛ: Водечките со нови победи, Брегалница со три бода од Велес

Попладнево се одиграа сите осум средби од 25.коло во...

Да се знае кој е кој: “Кралевите“ чекаа во ред да се поздрават со НАЈГОЛЕМИОТ!

Можеби во неговата Србија во последните неколку месеци и...

Пиастри по победата во Џеда: Ова ми беше најтешка трка во кариерата…

Оскар Пиастри стигна до третата сезонска победа во Формула...

Елизабет Харли најде љубов во прегратките на таткото на Мајли Сајрус

Британската актерка Елизабет Харли ја изненади јавноста со последната објава на...