ИЗВОРИТЕ НА ИМИЊАТА НА РАЗНИ ПЛЕМИЊА ВО МАКЕДОНИЈА (24)

Date:

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО
СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА“ ОД АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

Праисториските и антички Македонци, во јазична смисла оставиле богат гласолошки супстрат. Така на пример, во хидролошки поглед, тие се автори на сите имиња на реките во Македонија, како што се : Axios (одличен, прв, нај), Вардар, Aliakmon (многу силен, односно крив), Бистрица, Mestos (полн, бесен)- Mesta, Erigon (многу плоден), Црна, Strimon (криву-леста), Струма итн.


Следат езерата: Lihnida (светилка), Охрид, Vrygiis (езеро на Бригите), Преспа, Keletron (патека) тесно парче земја меѓу две мориња, Костурско итн.


Имињата на градовите се многубројни: Aigai, Petra, Argos, Emathia, Evropa, Pela, Keletron, Edessa, Maussa, Arnissa, Dion, Veria, Pelagonia, Idomeni, Thermi, Kissos, Mieza, Ossa, Stagira, Olynthos, Siris, Stenai, Alkomenai, Styvera, Vylazora, Stovoi, Lyhnida, Amfipolis, Skopi, Astibos и други.


Исто така, многу ороними се со македонско потекло. Покрај Olimpos, такви се: Pieria, Grammos, Voio, Askio, Verno, Vermio, Varnous, Boras, Hortiatis, Tomoros, Orvilos, Rodopi, Peristeri, Panggaio итн.
Меѓутоа, во поглед на религијата, Македонците ги надминале другите Пелазги. На својата најголема планина Олимп („Најопејан“), го сместиле својот Бог на Боговите, Зевс (Dias), создавач, со неговиот Panteon, изградиле храмови и претскажувалиштa: Dion, Pythion, Petra и други. Цела област околу неа ја нарекле Пиерија, “Света Гора”.


Изворите на имињата на разни македонски племиња биле разновидни. Некои земале свети животни, како на пример Линкестите, по расата рис (ligx-рис), Енхелејците по јагулата (eghelys). Други земале имиња на фауни, како Десаретите, според шума (dassos), или по географијата на терените, како Орестите (планинци), Пелагонците (долинци), Елимејците (криворечани); према занимањата: Ботиајците (овчари), Алмопијци (солари), Дериопи (кожари); или по епонимите на херои, кралеви, како што се Македонци, по легендарниот крал Makedon, син на кралот-бог Озарис, уште од 2 300 година п.н.е. и слично. Хиперборејските, пелашките, па и македонските заедници биле мирољубиви и со создале своја посебна „егејска култура“.


По 2 500 години на нивното живеење на Балканот, хармонијата ја нарушиле доселеници без имиња (околу 1 600 година п.н.е.), од страна на малоазиските Хетити (во XIII век п.н.е), кои се наречени Ахеи. Преку денешните Албанија и Египет, како овчари и земјоделци, тие го населиле југозападниот дел на Тесалија (во областа Фтиотида, околу р. Сперхеј). Во историјата оваа област е означена како Ахајска Тесалија, која имала пет населби: Ало, Алопи, Трахина, Фтија и Елада. Со време се издиференцирал таканаречен Мирмидонски сојуз, со родоначалникот Еак, татко на Пелеја и дедо на тројанскиот јунак Ахил, составен од племињата на Ахејците и Елините.


Додека се одвивале овие обликувања во Тесалија, према хроничарот Ератостен, околу 1313 години п.н.е. , Кадмо од Фенекија (од Блискиот Исток), преку Родос, Тракија и Македонија, кај Пелазгите во Беотија, го оснива утврдувањето „Кадмеја“ заради одбрана од Ахај-ците, околу кое подоцна ќе се развие градот Теба. Истовремено, роднината на Кадмо Данај (пресветол), кој владеел со Либија, ја напуштил земјата преку Родос, стасал во Аргос на Пелопонез, каде го добил престолот на кралот на Пелазгите, Геланор и ја изградил Аргивската тврдина за да се заштити градот од Ахејците. Подоцна, во историјата тие станале познати како Данајци.

Во средината на XIII век п.н.е., околу 1246 година п.н.е., Пелоп од Малоазиската Лидија или Фригија, по-вел дел од Тесалиските Ахејци во Пелопонез и станал нивни крал. Ахејците се сместиле во североисточниот дел од Пелопонез, меѓу староседелците Пелазги и Јонци во Арголида, додека еден мал дел се сместил во Месена на југ на полуостровот, како Паракипарски Ахејци. Некогашното име Апис или Пелазгиоти, во чест на Пелоп, изменет е во Пелопонез. Од кралот Пелоп потекнува династијата на Пелопидите, од која најпознати во историјата се синовите Атреј, Агамемнон, Менелај, и внукот Орест, како кралеви на Микена. Орест никогаш не престојувал во Македонија, туку во лудницата на Гитеоните.


Ахејците од Пелопонез во историјата се познати по ми-кенската култура, линеарното писмо, Тројанската војна (1193 година п.н.е.) и по развојот на трговијата. Нивниот јазик пред да дојдат на просторите на Балканот, додека биле во Панонија, биле протоелински, односно протоахејски или продијалектичен, но со доаѓањето меѓу Еолците, Пелазите и Јонците, станал ахејски дијалектен, што се гледа преку линеарното писмо Б (Mpampinioti, 1986, страна 57). Учесниците во Тројанската војна, под водство на Агамемнон, Хомер (VIII век п.н.е.), ги именува како Аргивци, Ахејци и Данајци зашто по етничкото потекло биле Ахејци, живееле во Арголида на Пелопонез, каде пред нив владеел либиецот Данај. Меѓу Ахејците и Македонците единствено постоеле трговски односи и Ахејците никогаш не зачекориле северно од Тесалија. Ахејците во Микенскиот период верувале во душата на своите предци, посебно на предците-херои. (Papastavrou, 1972, страна 44).


Додека Ахејците и останатите староседелци на Пелазгија ја освојувале Троја, на Балканот, во XII век п.н.е. дошло до големи преселби на народите, до појава на ново население, до егзодус и преструктуирање на жителите. Во миграцискиот бран од северозападен Балкан, кој под името „народите од морето“ е запрен дури во Египет, од Рамзес III (1190 година п.н.е.), учествувале Илирите и Епирите во западниот дел на Балканот и Дорците во јужните региони, јужно од Македонија. Староседелците на Балканот, како што се Бригите, кои живееле северозападно од Македонија и Бити северно од неа, мигрирале во Мала Азија, создале нови заедници (Фригија и Битинија) и го разбиле Хетитското царство. Беотите од Пиндскиот врв Воио, од епирска страна, се преселиле во земјата Кадма, која оттогаш се вика Беотија. Теспрочаните емигрирале во Еолида, во рамницата Пенеја, која оттогаш се нарекува Тесалија (Хе-родот, VII век, 176).


Ахејците од Тесалија и Пелопонез мигрирале во паничен страв во малоазиската Еолија. Јонците од Атика и источниот Пелопонез репатрирале во малоазиската Јонија, во 1044 година п.н.е. Значи така и создавачите на микенската култура емигрирале, напуштајќи ја Елада. Протерувајќи ги Ахејците од Тесалија, Дорците ја населиле Фтиотида за време на кралот Деукалион, а во време на Дор, син Хеленов, биле протерани во земјата под Оса и Олимп, наречена Хистијатида. Кога неколку години подоцна, т.е. околу 1213 година п.н.е., ги протерале наследниците на Кадма (Кадмејците) и се населиле во областа Пинда во Тимфаја, под името Македонци (Херодот, I, 56).

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Шпанскиот тренер Раул Алонсо ќе го води Еурофарм Пелистер до јуни 2026 година

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денеска го промовираше Раул Алонсо...

Ниту еден кошаркар нема остварување како Никола Јокиќ

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра неверојатно на почетокот на...

По поразот од Синер, Де Минор загуби и од Медведев

Данил Медведев го победи Алекс Де Минор во два...

ЗНАЧАЈНИТЕ ИСТРАЖУВАЊА ВО АРАБИЈА И КАЈ РЕКИТЕ ТИГАР И ЕУФРАТ (33)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...