Калин Ивановски мораше да се намачи за да го скрши отпорот на Естонецот Данил Глинка, но најдобра вест е што ја оправда фаворитската улога и се пласираше во четвртфиналето во Кретеј.
Фјучерсот во Франција се игра на тврда подлога во сала и Ивановски ја оствари втората победа со пресврт, откако се враќаше и во првата рунда против Русинот Кирил Кивацев.
За разлика од тогаш, сега беше доста потесно во сетот со кој израмни на 1:1, бидејќи Калин беше подобар дури по одиграниот тајбрејк кој го доби со 7:5.
Претходно, Естонецот славеше во првиот сет со 6:3, а последниот беше максимално едносмерен и нашиот најдобар тенисер го доби со убедливи 6:1.
Тоа му загарантира место во четвртфиналето, рунда во која за противник ќе има домашен претставник, Французинот Тристан Ламашин.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]


