Златан Ибрахимовиќ, напаѓачот на Милан и еден од најдобрите фудбалери на 21 век, на 42-годишна возраст ја заврши својата неверојатна кариера.

Таа информација стана позната по крајот на натпреварот помеѓу Милан и Верона во 38. коло од Серија А, а навивачите величествено се збогуваа со Ибра.

На трибините направија кореографија со порака „GodBye“, што е своевидна игра со зборови, бидејќи Ибрахимовиќ на кој никогаш не му недостигаше самодоверба често велеше дека е Бог.

Тоа остави силен впечаток на Златан, па камерите го снимија моментот кога го совладаа емоциите, и заплака.

Договорот со Росонерите, шведскиот фудбалер го имаше до крајот на оваа сезона, а Ибра одигра само 144 минути на теренот во четири настапи оваа година, но во исто време стана и најдобриот стрелец во историјата на Серија А во натпревар против Удинезе.