Во топлите летни денови, повеќето луѓе, особено оние кои поминуваат време на отворено, се изложени на ризик да добијат сончаница или топлотен удар.
Сепак, повеќето луѓе не ја знаат разликата помеѓу сончаницата и топлотниот удар. Во случај на сончаница, симптомите се поблаги и најчесто поминуваат откако ќе се разладите, а топлотниот удар е многу поопасен и лицето мора веднаш да побара стручна медицинска помош бидејќи последиците можат да бидат многу опасни, предупредуваат лекарите.
- Сончаницата е поблага, а топлотниот удар е опасен
Сончаницата е првиот чекор до топлотниот удар и се јавува кога нашето тело ќе се прегрее. Во овој случај, телото се лади преку потта, помалку уринираме за да заштедиме вода и чувствуваме голема жед. Во случај на сончаница, треба да пиете што повеќе вода за да го надоместите недостатокот од течности. Доколку телесната температура не се намалува, а достигнува вредност меѓу 38 и 40 степени, тоа е веќе знак за топлотен удар и потребно е да побарате итна медицинска помош.
- Топлотен удар и телесна температура над 40 степени и повеќе
Топлотниот удар настанува поради прекумерно изложување на директна сончева светлина, најчесто се случува кога некој ќе заспие на сонце. Малкумина се свесни дека високата телесна температура може ги оштети органи, како што се белите дробови, црниот дроб и бубрезите. Доколку не се обезбеди соодветна медицинска помош, тоа може да доведе до фатален исход.
- Ако нема пот и телото гори, тоа е знак за тревога
Британската Национална здравствена служба укажува на уште една клучна разлика помеѓу сончаницата и топлотниот удар, а таа се однесува на потењето. При сончаница, телото постојано се поти, бидејќи се обидува да се олади, додека во случај на топлотен удар кожата е жешка и без пот.
Луѓето со хронични здравствени проблеми, лицата постари од 75 години и децата се изложени на поголем ризик од сончаница и топлотен удар. Затоа во текот на топлите денови потребно е да се пие што повеќе вода за елото да се хидрира доволно.
Симптоми
За да биде појасно како изгледа сончаница, а како топлотен удар, ќе ги објасниме симптомите на овие две состојби.
Сончаница
– зголемување на телесната температура, повеќе од 37 степени
– мускулна слабост и грчеви
– брз и слаб пулс
– гадење и повраќање
– вртоглавица
– главоболка
– топла, бледа и леплива кожа
– прекумерно потење
Топлотен удар
– зголемена телесна температура од 40 степени и повеќе
– променета ментална состојба
– забрзан пулс
-жешка, црвена и сува кожа
– пулсирачка главоболка со јак интензитет
– гадење и повраќање
– дезориентација
Како да му помогнете на некој што добил сончаница:
– преместете го на ладно место
– отстранете ја непотребната облека, дури и чорапите
– нека пие ладна вода или пијалок за рехидратација
– изладете ја кожата: прскајте го или избришете го пациентот со сунѓер натопен во ладна вода
– ставете ладни облоги завиткани во крпа под пазувите или на вратот