ЗЕЛЕНСКИ БАРА БОРБЕНИ АВИОНИ ОД ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ, РУСИЈА ПОЧНУВА НОВА ОФАНЗИВА ВО ЛУГАНСК

Date:

Руските сили ја повратија иницијативата и почнаа нова голема офанзива во источниот регион Луганск, објави американскиот Институт за проучување војна.

„Ангажирањето на значајни елементи од најмалку три големи руски дивизии во офанзивните активности во овој сектор навестува дека руската офанзива е почната, иако украинските сили засега го спречуваат напредокот на руските сили“, стои во новиот извештај на Институтот.

Оттаму додаваат дека темпото на руските операции долж линијата Сватове-Кремина во западен Луганск значително се засилило во изминатите недели. Цитирајќи руски извори, од Институтот велат дека руските сили ги напаѓаат украинските одбранбени линии, остварувајќи напредок долж границата Харкив-Луганск.

За тоа време, украинскиот претседател Володимир Зеленски е на европска турнеја, на која пред лидерите на Велика Британија, Франција и Германија го изнесе своето барање за испраќање борбени авиони. Тој ќе се сретне и со лидерите на Европската Унија во Брисел, каде што повторно ќе се зборува за ова.

„Германија и Франција имаат способност да го променат текот на војната против Русија така што ќе ја снабдат Украина со борбени тенкови, модерни борбени авиони и проектили со долг дострел“, кажа Зеленски по средбата со Олаф Шолц и Емануел Макрон во Париз.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од...

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...