Граѓани излгоа на протест пред Обвинителството и Судот во Тетово за да го изразат како што велат „гневот за манипулацијата и извртувањето на судскиот процес за трагедијата од 8 септември каде живи изгореа 14 сограѓани“.
– За пет години имаме четири трагедии и 97 жртви, а нула дена затвор, рекоа демонстрантите.
„Животите на граѓаните станаа заложници на пазарења и тендер без критериуми. Од целиот процес се докажа дека Обвинителството и Судот се дел и бранители на злосторничко здружение кое ја држи државата во заложништво“, велат граѓаните.
Тие побараа одговорност од сите обвинители и кривично гонење на сите инволвирани во оваа трагедија.
„Бараме Владата да го разреши јавниот обвинител Јовески и тој и другите обвинители инволвирани во ова монструозно дело да одговарат кривично.
Бараме да се судат и казнат вистинските виновници вклучително и политичарите кои незаконски го доделија тендерот за изградба на БРАКО.
Нема правда нема да има и мир“, додадоа граѓаните кои се собраа пред Обвинителството во Тетово.
За 5 години имаме 4 трагедии, 97 жртви и нула дена затвор, порачаа демонстрантите во Тетово
