Жители на шпанско село за 30 секунди избраа градоначалник. Седумте регистрирани гласачи во Виљароја, мало село во покраината Ла Риоха, го соборија својот претходен рекорд од 32 секунди.
Нив им беа потребни помалку од 30 секунди да ја извршат гласачката должност на неделните локални избори и да ги затворат избирачките места, објави BBC. Селскиот началник Салвадор Перез на должност е од 1973 година.
„Не знам дали ќе ги добијам сите седум гласови, но доста сум сигурен во тоа“, изјавил Перез пред гласањето.
Рече дека жителите на Виљароја се „многу добро обучени“ и дека се подготвени за гласањето.
Перез призна дека неговите сожители веројатно биле мотивирани од чувството на конкуренција со друго шпанско село – Иљан де Вакас во Кастиља Ла Манча, коешто има само три гласачи.
Необични случки поврзани со изборите имало и во други земји. Жители на романско село по третпат избраа еден ист човек за градоначалник, иако тој почина од корона. Ова се случи во 2020 година.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]