За речиси 600.000 долари е продадена гитарата која Курт Кобејн ја скрши на сцена

Date:

Гитарата која фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн ја скрши на сцената е продадена за речиси 600.000 долари, објави вчера аукциската куќа Julien’s Auctions, иако очекувале да добијат десет пати помалку за инструментот.

Гитарата на крајот била продадена на аукција во кафулето Хард Рок во Њујорк за точно 595.000 долари, што аукциската куќа го прогласи за „неверојатно“. Црниот Fender Stratocaster е повторно склопен, но веќе не може да се свири на неа.

Гитарата го носи потписот на тројца членови на култниот гранџ бенд: Кобејн, басистот Крист Новоселиќ и тапанарот Дејв Грол. Гитарата сè уште покажува пукнатини што ги направил Кобејн, изјави Коди Фредерик од Julien’s Auctions за агенцијата Франс прес.

„Кога беше на сцената и свиреше, Курт Кобејн беше машина. Беше лут и се чувствуваше тоа. Особено во начинот на кој ракуваше со неговите инструменти“, рече тој во мај. Фредерик верува дека оштетената гитара симболизира „оштетен музичар“ и „сурово и бурно време“ во музиката.

Нирвана е основана кон крајот на осумдесеттите во северозападната американска држава Вашингтон. Групата се здоби со поширока слава во 1991 година со објавувањето на нивниот втор албум, Nevermind, кој беше продаден во повеќе од 30 милиони копии.

Фронтменот на групата стана русокос идол и глас на новата генерација, но во текот на животот се бореше со зависност и здравствени проблеми. Тој изврши самоубиство во Сиетл во април 1994 година, на 27-годишна возраст.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...