Прв ден на Вилблдон и прво големо изненадување со елиминација на Феликс Оже-Алијасим, 11-от носител кој загуби од „лаки лузер“ во првото коло, Американецот Мајкл Мо во четири сета со 6-7, 7-6, 6-7, 4-6.
Оже-Алијасим (22) зад себе има полуфинале на УС-опен, четвртфинале на Австралија опен (2022) и Вимблдон (2021), па неочекувано доживеа елиминација од квалификантот Мо, кој на главниот турнир не успеа да обезбеди пласман низ квалификациите (испадна во третото коло), ама влезе како „лаки лузер“ и како тотален аутсајдер сите ги изненади.
Мо сега го чека пресметка со квалификант во второто коло откако Максимилијан Мартерер го победи со 3-1 во сетови Борна Гоја од Хрватска.
Од фаворитите Каспер Руд со 3-1 во сетови, 6-1, 5-7, 6-4, 6-3 славеше над квалификантот Локоли од Франција, а Андреј Рубљов за час ипол го реши во три сета Пурсел со 6-3, 7-5, 6-4.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]