Запален автомобилот на началникот на СВР-Штип, се истражуваат причините

Date:

На паркингот на улицата Ванчо Китанов во штипската населба Сењак ноќеска изгоре автомобилот на началникот на СВР Штип. Опожареното возило го забележал и пријавил граѓанин, по што интервенирала штипската ТППЕ. За причините поради кои настанал пожарот, треба да покаже истрагата.

Информацијата ја потврдија и од полицијата, а брзата интервенција на пожарникарите спречила, пламените јазици да не ги зафатат и околните возила.

Опожареното возило сè уште стои на паркингот пред зградата во која живее началникот и истото е обезбедувано од страна на полициски службеник. Пред камерата на ТВ 24 сведочи и сосетката која прва го забележала и пријавила настанот во полиција.

Соседите кои ги затекнавме за време на снимањето велат дека глетката била вознемирувачка, а други пак дека не виделе ниту слушнале нешто.

Меѓутоа, ова не е прв пат во Штип да се опожаруваат возила. Пред 4 години во градот под Исарот имаше серија на палежи, за што министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски при последната посета на СВР – Штип, одговарајќи на новинарско прашање, до каде е со истрагите, истакна дека, за вакви кривични дела многу тешко се обезбедуваат докази.

“Тие истраги се отворени. За сите за кои се изнајдоа докази, без разлика дали се работи за подрачјето на СВР-Штип или во другите сектори за внтарешни работи се изведоа пред лицето на правдата. Меѓутоа, за тие за коишто не можеме да обезбедиме конкретни докази се уште трае криминалистичката обработка, така што, немаме завршено со сите тие случаи коишто се случија.”

Инаку, пред четири години во Штип изгореа 27 автомобили, а за 12 од нив се потврди дека се намерно запалени, додека во 2020-тата година исто така во Штип беа опожарени 5 возила, од кои 4 беа на ист сопственик.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија одигра уште еден одличен натпревар

Женската репрезентација на Македонија одигра реми со Словенија, 23-23. Нашите...

Верстапен на пол-позиција во Абу Даби

Коцките се фрлени за финалето на сезоната во Формула...

Нуклеарната електрана Запорожје остана без напојување, од Чернобил се шири радијација

Премиерката на Украина, Јулија Свириденко соопшти дека во ноќниот...

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ РЕИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ 

Христијан Мицкоски доби трет мандат од делегатите на 18....