Поранешниот светски шампион во Формула 1, Џенсон Батон вели дека позицијата на Серхио Перез во Ред Бул е загрозена поради лошите резултати.

Мексиканецот пред еден месец беше во голема битка со колегата Макс Ферстапен за првото место, но на последните три трки не успеа да се искачи на подиумот, додека Холанѓанецот славеше на шест трки и создаде предност од 69 поени.

„Мислам дека оваа сезона нема опасност да го сменат, но тоа може да се промени на крајот на сезоната. Кој би возел на негово место? Го имаат Даниел Рикардо, но не знам дали ќе му дадат шанса“, вели Батон.