Луѓето оставиле цвеќиња и гумени патки на местото на несреќата
Маж од Калифорнија загинал откако во него удрил автомобил, а непосредно пред несреќата им помогнал на патки да го преминат патот, јавува Си-Ен-Ен.
Кејси Ривара (Кејси, 41) излегол од своето возило и им помогнал на патките да го преминат патот пред да го удри тинејџер возач во Роклин, околу 25 милји североисточно од Сакраменто, соопшти полицијата.
Еден сведок, Самер Петерсон, изјави лза локалната филијала на CBS News дека нејзините деца биле сведоци на несреќата.
Таа рекла: Тоа е толку слатко. Тоа е толку убаво од него. А потоа наеднаш го удри автомобил – раскажала што се случило.
Луѓето оставиле цвеќиња и гумени патки на местото на несреќата.
– Сакаме да изразиме благодарност до сите вас за убавите пораки и сочувство. Навистина е убаво да се слушне како Кејси има позитивно влијание врз вашите животи и ние сме исклучително благодарни за тоа – изјавила неговата сопруга Енџел Чоу.
Полициската управа на Роклин соопштила дека нема уапсени и инцидентот останува под истрага.
Тинејџерот возач најверојатно нема да се соочи со кривична пријава, изјавил полицискиот капетан на Роклин, Скот Хорило, за NBC News.