Жена од Кавадарци на возраст од 25 години си нашла платежна картичка на земја, па со истата си пазарела, и покрај тоа што картичката не била на нејзино име и знаела дека таквата постапка е нелегална. Жената ја нашла картичката во селото Дренови и знаела дека истата припаѓа не нејзин сосед, но сепак ја искористила нелегално.
За случајот известуваат од кавадаречката полиција која веднаш постапила согласно со законот.
Имено, ОВР Кавадaрци поднесе кривична пријава против А.Б.(25) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Пријавената, на 23.07.2023 од дворот на оштетениот во село Дреново одзела кредитна картичка која била падната на земја и истиот ден во неколку наврати ја искористила и се стекнала со противправна имотна корист.
Жена од Кавадарци си нашла платежна картичка на земја, па си пазарела – Заработи кривична пријава
