ЕРУСАЛИМ –ПОРТАТА И ПРЕДВОРЈЕТО НА РАЈОТ (8)

Date:

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИН

Првите литературни пројави во Израел од 1948 година беа определбите и творештвото на писателите дојдени од Европа, кои пишуваа, главно, на јазиците јидиш и ладино, а подоцна и на обновениот хебрејски јазик. Логично е дека и темите и атмосферата во европските земји беше пренесена во делата на еврејските/израелските творци. Дури при крајот на XX век, израелската литература позначајно се свртува кон „сопствените“ современи теми од авторите веќе родени во Израел.

Паралелно, музичкото творештво, како и секое друго уметничко создавање, помина сличен пат, под влијание на европските уметнички текови. Сепак, во повеќето творечки изрази секогаш беше присутна и врската со корените никнати милениуми наназад, третирани на современ начин во една синтеза специфична за творештвото на израелските уметници. Првите универзитети се отворени во Хајфа (1912) и во Ерусалим (1918). Притоа, службени јазици се хебрејскиот и арапскиот, нашироко се користи англискиот, а во последно време и рускиот јазик.

Ерусалим е најсветиот град на јудаизмот, третиот најсвет град во исламот и свет град за христијанството. Тој е основан во IV век пр.н.е., затоа е еден од најстарите градови во светот и, според верувањата, тоа е местото каде од Земјата се оди кон небото. Во него во минатото се влегувало низ Златната порта и, токму низ оваа порта Исус за првпат влегол во градот. Меѓутоа, во 1541 година, султанот Сулејман Величенствениот ја запечатил Златната порта и таа и денес е затворена.

Во Ерусалим се наоѓа улицата „Виа Долороса“, која кај христијаните е позната како Пат на страдањето по кој чекорел Исус од местото каде бил осуден до местото каде бил распнат на крстот; а верниците кои го поминуваат овој пат симболично го претставуваат страдањето на Исус Христос. Ерусалим е лулката на духовништвото и место каде се наоѓа црквата на „Светиот гроб“, изградена на местото каде се верува дека Исус бил распнат.

Над Ерусалим се наоѓа Маслиновата Гора, свето место за христијаните и муслиманите; токму таму се наоѓаат гробот на мајката Божја, света Богородица, црквата на Марија Магдалена и Гетсиманската градина, местото каде Исус честопати се молел и каде ги поминал последните часови од животот; таму се наоѓа „Црквата на сите нации“, за која се верува дека на тоа место Исус се молел пред да биде спроведен од Римјаните.

Планината Сион е уште едно од светите места во бројните светилишта во Ерусалим. Се верува дека таму било местото на тајната вечера, каде верниците ја посетуваа и гробницата на Давид. Ерусалим е местото каде се наоѓа Ѕидот на плачот, свето место за Евреите кои таму доаѓаат да се молат и каде во пукнатините (дупките) на ѕидот ги оставаат напишаните молитви и желби, со верување дека молитвите пред Ѕидот на плачот одат директно до Бога.

Ѕидот на плачот за Евреите е дел од некогашниот храм на кралот Соломон, а за муслиманите тој е свето место, бидејќи од едната страна на ѕидот се издига џамијата Ал – Акса, место на кое воскреснал пророкот на муслиманите, Мухамед.

Со тоа може да се каже дека Ерусалим е портата или предворјето каде се чувствува рајот и Бог. Местото каде се случило Господовото преображение, гробот на воскреснатиот Лазар, просторијата каде се одржала Светата евхаристија, односно местото каде се одвивала тајната вечера. Христијаните сметаат дека тоа е местото каде Бог им  кажува како тие треба да се спасуваат како христијани.

Затоа се смета дека Ерусалим како дом на три религии, несомнено е многу блиску до небото, бидејќи токму таму човек може да биде сведок на сопственото духовно издигнување, да најде мир и да се доближи до Бога да биде поттикнат да ги почитува и туѓите религии, зошто верувањето во Бога е исто и за Евреите, и за христијаните и за муслиманите.

Аџилакот во Светата земја Израел, пак, е во поклонение на празниот гроб на Господ Исус Христос и посета на сите места каде чекорел и ги правел чудата опишани во Библијата. Аџилакот претставува поттик кон утврдување на библиските вистини и кон искрена вера во Господ Исус Христос.

Да се чекори по стапките на Господ Исус Христос и да се почувствуваат сите места по кои тој одел и го пренесувал словото е неопишано искуство и треба целосно да се доживее. И ние станавме аџии откако ги посетивме сите свети места од самото раѓање на Господ Исус Христос во Витлеем, до градовите во кои проповедал, местата каде ги направил многуте чуда, реката Јордан каде бил крстен, пустината каде бил искушуван од сатаната, Маслиновата Гора каде често бил со неговите ученици, градината каде се молел, до Голгота и местото каде е празниот гроб на нашиот Господ од каде воскреснал, како и местото на Христовото Вознесение. Затоа, со посетата на Израел се збогативме духовно, и понесовме спомени кои ни оставија силни и вечни впечатоци

Според пишаните документи, религија е контроверзен поим што некогаш се користи како синоним за вера, се дефинира како верба во нешто натприродно, свето или божествено, притоа има и морални кодови, обичаи и институции поврзани со таа верба. Во најширока смисла, некои го дефинираат поимот како збир на одговори дадени како објаснување за врската на човештвото со вселената

Може да се дефинира и као општествена појава која подлежи на некои одредени закони, и може да се согледа како духовна поврзаност на една група на луѓе со некое вишо, свето битие односно со Бог/ Божество. Низ вековите се имаат создадено голем број на религиозни форми, но денес, низ светот доминираат само неколку големи светски религии.

Една од големите светски религии е, секако, јудаизмот. Тоа е религија на Евреите ширум светот со околу 14 милиони следбеници. Јудаизмот е една од првите запишани монотеистички вери и една од најстарите религиозни традиции кои се применуваат денес. Вредностите и историјата на Евреите се голем дел од основата на другите Авраамски религии како самартијанизмот, исламот и христијанството.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Динамо Букурешт е последната пречка за младите пелистерци до завршниот турнир во ЛШ

Младите ракометари на Пелистер денеска му оддржаа лекција на...

ЛЕ: „Лудница на Олд Трафорд“ со хепи-енд за Манчестер Ј., Бодо го шокираше Рим

Натпревар за фудбалските анали се одигра вечерва на „Олд...

Австралијка роди „туѓо“ дете, клиниката за вештачко оплодување ги измешала ембрионите

Жена од Австралија родила бебе кое се развило од...

Казни до 10 илјади евра ако трговците не ги објават цените на производите на интернет

Ниту еден трговец не се пожалил од правилникот за...