Ем станови во Скопје, ем рекордни суми за патни трошоци – Дали народните избраници го изигруваат законот?

Date:

Меѓу рекордерите кои наплатиле за патни трошоци од парламентарците е пратеничката од опозициската ВМРО ДПМНЕ, Олга Лозановска од Битола, која лани зела над 550 илјади денари за патни трошоци.

Не ќе беше толку проблематична оваа сума која е огромна доколку токму семејството на Лозановска не поседува два стана во Скопје, и тоа едниот на име на нејзиниот сопруг од 74 квадрата и другиот на децата од 54 квадрати.

Таа доаѓа од партија која обвинува за сиромаштија, а лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христија Мицкоски често знае да ја употребува и изреката дека граѓаните “буричкаат по контињерите”, поради сиромаштијата.

Меѓу оние кои наплатиле дебели суми за патни трошоци е и една од најгласните пратенички на ВМРО ДПМНЕ Дафина Стојановска, која зела 365 илјади денари за патни трошоци. Интересно е што во анкетниот лист Дафина има внесено дури 4 станови во Скопје, покажува истражувањето на Сител телевизија.

Опозицискиот пратеник Миле Лефков, кој пак патува од Кочани, неодамна во интервју за Макфакс, несмасно се обиде да ги оправда ваквите суми за патни трошоци на пратениците велејќи дека пратениците немале службени возила и дека самите менувале гуми, опрема и регистрација, на што граѓаните многу бурно и жестоко реагираа.

Според истражување на Сител 18 од 73 пратеници имаат најамалку по 1 стан во Скопје, а некои и по 4.

Според истражување на Centar.mk просечна потрошувачка на едно нормално дизел возило кое троши 5-6 насто на 100 километри, не би направило поголем трошок од 2500 денари со вклучени патарини доколку сообраќа од Битола до Скопје и назад, односно по околу 1250 денари за еден правец.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...