Луѓето кои не веруваат во климатските промени можеби ќе бидат разбудени од она кое не може да се негира – дека невремето Ел Нињо, во превод „дете“ веќе започна да бучи во Тихиот Океан, а неговото дивеење идната година ќе го постигне ефектот кој климатските активисти сакаа да го одложат барем до 2030 година – а тоа е зголемување на глобалните температури за 1,5 степени и за плус 0,2 степени од оваа критична граница три години порано, пишува Би-Би-Си.
Со други зборови, идната 2024 година ќе биде најтопла досега во историјата, барем откако мериме температура, а ефектите на Ел Нињо ќе се почувствуваат по целата Земјина топка. Да, 2024 година ќе биде потопла и од 2016 година која го држи рекордот по „пеколност“.
Настанот најверојатно ќе трае до следната пролет, по што неговите влијанија ќе се повлечат.
– Сега се зголемува, има сигнали во нашите предвидувања веќе неколку месеци, но навистина изгледа дека ќе го достигне својот врв на крајот на оваа година во однос на нејзиниот интензитет -рече Адам Скајф, шеф на долгорочни предвидувања во Обединетото Кралство.
Американските научници потврдија дека Ел Нињо започнал. „Детиштето“ може да донесе суша во Австралија, повеќе дождови во јужниот дел на САД и ќе го ослабне индискиот монсун.
Со месеци, истражувачите беа сè посигурни дека настанот Ел Нињо требаше да се појави во Тихиот Океан. Сега тоа е реалност.
Овој природен феномен е најмоќната флуктуација во климатскиот систем насекаде на Земјата.
Во некои варијанти на преводот од шпански, „Ел Нињо“, освен дете, значи и поконкретно, момче.