Другите шест деца на Де Ниро уште не го виделе неговото невородено бебе

Date:

Легендарниот актер Роберт де Ниро (79) неодамна ја шокира јавноста со тоа што случајно призна дека со Тифани Чен добил седмо дете.

Сега рече дека се уште не е време останатите негови деца да го запознаат.

Актерот моментално учествува на филмскиот фестивал „Трибека“ во Њујорк, а на новинарско прашање дали неговите постари ќерки и синови ја запознале неговата нова ќерка Џија Викторија, тој рече дека се уште не е вистинското време за тоа.

– Сеуште не, но ќе се сретнат со неа, го чекаме вистинскиот момент, многу сме, па не е лесно да се собереме сите на едно место во исто време – рече тој, а пренесува Дејли Меил.

Џија Викторија е родена на почетокот на април, а актерот дури минатиот месец откри дека ја добиле.

Да потсетиме, во едно интервју бил прашан како е да се биде татко на шест деца, на што ги поправи водителките и рече дека има седум.

Инаку, актерот откри дека бременоста била планирана.

– Бременоста беше планирана. Како не можеш да планираш такво нешто? – објасни Де Ниро на премиерата на филмот „За мојот татко“.

Покрај ќерката Џиа, Роберт ги има и ќерката Дрина (51), синот Рафаел (46), близнаците Арон и Џулијан (27), синот Елиот (25) и ќерката Хелен (11).

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер ги објави своите мемоари: „Разводот беше брутален“

Марија Шрајвер и Арнолд Шварценегер беа во брак 25 години, а потоа...

Бен Афлек прв пат јавно зборуваше за разводот со Џенифер Лопез

Во големото интервју за магазинот „Џи-кју“, Бен Афлек отворено зборуваше за...

Се појавија првите фотографии од Џуд Ло како Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Џуд Ло неодамна потврди дека ќе го глуми рускиот...

Ѕвездата на „Озборувачка“ стана татко! Ед Вествик го откри името и полот на бебето

Актерот Ед Вествик (37), најпознат по улогата на Чак Бас во...