По триумфалното деби на неговиот последен филм „Убијците на цветната месечина“ на Канскиот филмски фестивал пред нешто повеќе од една недела, Леонардо ди Каприо остана на Медитеранот.

Прв ТМЗ, а подоцна и „Дејли мејл“, објави дека оскаровецот ужива на суперјахта на брегот на Сардинија, во друштво на неколку пријатели.

Покрај пријателите, има и една прекрасна бринета во микробикини, но таблоидите не успеаја да го откријат името на девојката.

Инаку, Лео наводно е во лабава врска со супермоделот Ирина Шајк.

Ѕвездата на „Титаник“ (48) и Ирина (37), која има дете со актерот Бредли Купер, беа на роденденската прослава на Наоми Кембел во Кан претходно овој месец.

Рускиот супермодел, која живее во Њујорк, исто така беше меѓу оние што присуствуваа на премиерата на неговиот најнов филм.

На 37 години Ирина е малку постара од вообичаените придружнички на актерот, кој обично излегува со жени од 25 години и помлади.