Дигнете го уште повисоко знамето на Делчев!

Date:

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката беше покровител на чествувањето на државниот празник во Пелинце.

Претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, имаше свое обраќање и ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето настапи Воениот оркестар на Армијата на Република Македонија.

– Историските извори сведочат дека во свечено украсената манастирска просторија, пред многубројните делегати биле истакнати портретите на Тито, Сталин, Рузвелт, Черчил и на Гоце Делчев. На една од паролите во салата било запишано: „Слава на Гоце Делчев, првоборецот на македонската народна ослободителна борба“. Отворајќи го заседанието, стариот илинденец Панко Брашнаров во својот говор спомнал само една личност, а тоа е Гоце Делчев. И Манифестот на АСНОМ до македонскиот народ зборува за борбата „запоена со духот на Делчев“ и завршува со повикот: „Дигнете го уште повисоко знамето на Делчев! Гответе се за последните удари на фашистичкиот окупатор! Гответе се за ослободуение на Македонија!“

Иако живеел само 31 година, а неговата револуционерна дејност траела помалку од деценија, тој успеал да му влее верба на народот дека само со сопствени сили и добро подготвено востание ќе може да се ослободи. Делчев ги обедини двата врвни идеали на секоја млада генерација, а тоа се политичката слобода и социјалната правда. – рече Пендаровски.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПРИМЕНА НА „КОСИОТ БОРБЕН СТРОЈ“ НА ГРАНИК – НА ПРВАТА БИТКА СО ДАРИЈ (46)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ГРАНИК – ПРВАТА БИТКА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ СО ДАРИЈ ВО ПЕРСИЈА (45)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ВОЕНИ ПОДГОТОВКИ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗА НАПАД НА ПЕРСИЈА (43)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ПОДГОТОВКИТЕ НА ГОЛЕМИОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗА ПЕРСИСКАТА ВОЈНА (42)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...