Денови на македонската култура во Шибеник

Date:

Деновите на македонската култура во Шибеник и во Зларин (2-5 септември) внесуваат нов културен дух преку бројните содржини планирани за оваа манифестација, која се одржува по четврти пат.

Оваа веќе препознатлива културна манифестација е во организација на невладиното здружение Хрватско-македонска тангента.

Програмата продолжува на островот Зларин, каде што се одржува меѓународната книжевна средба „Од остров на копно, кон остров на море“, при што учествуваат поети, писатели, публицисти и новинари.

Посетителите ќе имаат можност да се нурнат во различноста на македонската култура преку низа настани, трибини, предавања и изложби. На годинашната манифестација особено се истакнува спојот на традицијата и на современоста, а особено интересен сегмент на настанот ќе биде филмската проекција на „Балканот не е мртов“, на реномираниот македонски режисер Александар Поповски, кој ќе биде присутен на настанот.

На програмата е и литературната содржина „По трагата на пишаниот збор“ (3 септември, Зларин, Трутини двори, во 17:00 часот), каде што поети, писатели и публицисти од Скопје, Загреб, Задар, Сплит и од Шибеник ќе читаат свои песни или фрагменти од своите напишани дела. Во оваа пригода ќе биде претставено богатото книжевно творештво на Томислав Османли, познат македонски писател, сценарист, драматург и новинар.

И ликовните изложби „Море“ на Зларин (Трутини двори, 18 ч., автор Гојка Скориќ-Пелајиќ) и „Перото пишува со срце – Христово“ (4 септември, Градска библиотека „Јурај Шижгориќ“ во Шибеник, 19 часот, од д-р Христо Петрески, писател и уметник од Скопје) ќе ја осветлат креативната сцена во овој дел од Јадранот.

Деновите на македонската култура ќе бидат и можност за зајакнување на културните врски меѓу Македонија, Хрватска и другите земји од регионот и промовирање на меѓународното разбирање и дијалог. Впрочем, тоа се темелните вредности на кои се заснова и се развива „хрватско-македонската тангента“.

Деновите на македонската култура се одржуваат по повод 8 Септември, Денот на македонската државност.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...

Ангелов: Ниту еден бранител не е опфатен со Законот за бранители

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов истакна предлог-законот за бранителите...