„Само погледни го статусот на пензионерот во оваа трула државичка која ни ја водат арамии. Нели гледате дека пензионерот е на маргините оставен“ – .вели Љупчо Ивановски, пензионер.
Ваков е ставот на мнозинство пензионери кај кои чашата се прелејала. Незадоволни од статусот кој го имаат воопшто во Сојузот на здруженија на пензионери.
„Револтот е заради незадоволството од нерегуларни избори, од неинформираност на пензионерите, самоволие на здруженијата, неправилна распределба на средствата пензионерски, неинформираност за ништо што се работи. Мора д аима контрола на средствата. – вели Мирјана Русевска пензионерка.
Револтот го подгреале функционерските плати кои пораснале за 78 проценти.
Погледнете, нас 8,4 посто ни ја корегираа пензијата а на господата 78 посто. Буџетари, нивните пари ги заработува јас, тој, и овие, заработени средства производ на матријално производните работници.Не може тој си е буџетар да си качи колку чини и не чини. – вели Љупчо Ивановски, пензионер.
Непотизам, корупција, нетранспарентност, претседателка која е блиска до функционерите но не и до пензионерите вака отприлика пензионерите го објаснуваат функционирањето на Сојузот на здруженија напензионери. Најголемиот проблерм го гледаат во нелегитимноста на претседателката Станка Трајкова.
Фалсификат изборите во Сојузот на пензионери и фалсификат во сите други скоро општински организации на Сојузот на пензионери. Тоа е фиктивни се на список напишано и избрано. Нема транспарентност, без состаноци. И втора работа, парите на пензионерите немаат извештај, ниту на веб страната ниту никаде. Значи не се знае ништо тоа се е таму претурано, од шупливо во празно.- Александар Димитровски пензионер
„ Избори ни по закон ни по статут, тие внатре а ние на улица.Ние сме најмалку виновни за ова. Една од темелните вредности на Уставниот поредок е непосредни и демократски избори, овие се ниту демократски ниту непосредни.“- вели Славко Лазовски, пензионер.
За сериозните обвинувања на пензионерите упатени кон претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајкова побаравме одговор но од Трајкова молк. Останаа многу прашања неодговорени, како се трошат парите, чланарината, транспарентноста, легитимитетот на Трајкова но и клучното прашања за сомнежот на корупција.