ДА НЕ ГО НАГРДИМЕ СПОМЕНОТ ЗА ГОЦЕ! Апел и од правнукот на македонскиот револуционер

Date:

Провоцираните судири меѓу граѓаните на Република Македонија и Република Бугарија би биле неприфатливо светогрдие за споменот на Гоце Делчев! Тие ќе фрлат грда сенка не само на односите меѓу нашите најблиски земји, туку и на оние кои загинаа за слободата на Македонија од османлиската власт – се наведува во апелот да не се дозволи ескалација на тензиите по повод одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Апелот, упатен до граѓаните и политичарите во Македонија и во Бугарија, го објави поранешниот претседател на Бугарија Петар Стојанов, а на него се приклучиија редица потомци на истакнати револуционери и преродбеници, меѓу кои и правнукот на Гоце Делчев и управител на Фондацијата за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ – Христо Христов.

Меѓу потписниците на апелот се и внуката на полковникот Борис Дрангов – Рајна Дрангова, правнуката на охридскиот фолклорист и етнограф Кузман Шапкарев, внуката на војводата Тодор Александров, внукот на штиипскиот војвода Мише Развигоров и други.

„Не треба да дозволиме одделни групи луѓе во двете земји, свесно или несвесно, да ја уништат работата на нашите предци“ – се вели во апелот, пренесе БТА.

Христо Христов

Христо Христов, правнук на најмладиот брат на Гоце Делчев, е познат композитор, музичар и диригент во Бугарија, кој повеќепати има настапувано и со Македонската филхармонија.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Опра Винфри фотографирана во јавност ги изненади фановите со витата фигура

Опра Винфри беше снимена во Њујорк кога пристигна на...

ДЕЈВ ГРОЛ ПРИЗНА ДЕКА ДОБИЛ ВОНБРАЧНА ЌЕРКА, ПОБАРА ПРОСТУВАЊЕ ОД СЕМЕЈСТВОТО

Фронтменот на „Фу Фајтерс“ Дејв Грол ги шокираше фановите...

Хали Бери проговори за љубовта: Се заљубив уште пред да имаме врска

Актерката Хали Бери даде интервју за „Мари Клер“, каде...

„Тој беше тој што сакав да бидам“: Дензел Вашингтон му оддаде почит на Џејмс Ерл Џонс

Дензел Вашингтон му оддава почит на починатиот актер Џејмс...