Дали е ова најбизарното издание на Сем Смит досега? Како надуван балон

Date:

Пејачот повторно шокираше со провокативниот стајлинг во кој се појави на доделувањето на Британските музички награди.

Во Лондон се одржа доделувањето на Британските музички награди, а најзаслужен за тоа што толку многу се зборува и коментира дефинитивно е пејачот Сем Смит.

Сем е една од најталентираните британски ѕвезди, а кон крајот на минатата година се најде во центарот на вниманието на јавноста кога го објави дуетот „Unholy“, кој го отпеа со трансродната пејачка Ким Петрас.

Тие двајца неодамна станаа добитници на престижната награда Греми, која се смета за најголемото достигнување во светот на музиката.

Сега Сем се појави на наградите Британските музички награди во прилично необично и, многумина би рекле, најбизарно модно издание досега.

Имено, пејачот носел латекс костим кој е широк во рамениците и остава впечаток дека всушност, во нив носи балони.

На нозете имал сличен стајлинг, со тоа што на нив имал огромни балони во облик на срце.

Сепак, изгледа дека овој стајлинг на многумина не им се допадна, па стана тема на шега на социјалните мрежи, особено меѓу твитерџиите.

„Сем Смит изгледа неверојатно на Британските музички награди“, гласи еден коментар под кој е поставена фотографијата на куче играчка направена од црн балон.

https://twitter.com/pinkrrry/status/1624474012272173058?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1624474012272173058%7Ctwgr%5E2e3abe4bae97c66318b88155f22427fe8c523122%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Ffoto-dali-e-ova-najbizarnoto-izdanie-na-sem-smit-dosega%2F

„Сем Смит навистина го облече ова на Британските музички награди“, гласи друг коментар.

Инаку, во прашање е модниот бренд Хари во соработка со Валентино.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Потпечени таљатели со спанаќ и моцарела

Потребни состојки:250g таљатели500g спанаќ (може и замрзнат)125g моцарела80g пармезанМалку...

Фенербахче доби уште една битка со Олимпијакос, Асвел ја прекина победничката серија на Барселона

Кошаркарите на Фенербахче издвојуваа победа над Олимпијакос од 87:77...

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...