Властите ги отфрлаат повиците за убивање на австралиските диви кучиња, познати како динго во Квинсленд, откако глутница нападнала жена која трчала на една од локалните плажи, јави „Гардијан“.

Жената била пренесена во болницата Херви Беј во стабилна состојба со рани на екстремитетите и торзото, откако била касната неколку пати околу 9 часот по локално време во понеделникот, соопшти службата за брза помош во Квинсленд.

Од полицијата велат дека најмалку три австралиски диви кучиња ја нападнале 24-годишната девојка додека трчала на плажата Орхидеи на северо-источниот дел на островот, и таа истрчала во водата во обид да им побегне.

Двајца мажи го виделе инцидентот и притрчале во океанот за да помогнат, ставајќи ја повредената жена во своето возило, по што ја однеле на безбедно.

И покрај зголемениот број на напади, полицијата гневно ги отфрли повиците за убивање на дивите кучиња на туристичката дестинација.

„Убивањето на дингото во оваа ситуација не е опција. Нашата работа е да го намалиме ризикот“, велат од полицијата.