Нашата позната пејачка Каролина Гочева сподели интересно видео од нејзиното патување во Италија, на кое друштво ѝ правел нејзиниот сопруг Михаил Корубин.

На видеото може да се забележи парот како ужива во главниот град на Италија, Рим, во кој престојувале на крајот од месец април и почетокот на мај.

Убавите пролетни денови ги искористиле за посета на познатите Шпански скали, како и уживање во убавата храна и вина на Италија. Во видеото кое го објави пејачката, таа во неколку минути ги забележала најинтересните моменти од патувањето со сопругот – посета на музеј, уживање во чаша вино, прошетки по тесните улички, заеднички прегратки под чадор додека врне дожд…