„Врие“ во Нигер, македонски државјанин барал помош за евакуација

Date:

Македонски државјанин од Нигер се обратил до институциите за помош, по пучот спроведен од страна на војската во оваа африканска држава.

Во тек се преговори со сојузниците за негова евакуација, објави Министерството за надворешни работи.

Поради влошената безбедносна ситуација во Нигер, но и можноста од ескалација, македонското МНР апелира до граѓаните да не патуваат во Нигер, а оние кои се таму, ако имаат можност итно да ја напуштат земјата.

МНР објави броеви за контакт и електронска адреса, со цел македонските државјани кои се наоѓаат во Нигер, да ја контактираат нашата Амбасадата во Каиро.

Апелот на МНР се случува откако воените офицери на Нигер минатата недела го прогласија шефот на претседателската гарда Абдураман Тијани за нов шеф на државата, додавајќи дека го суспендирале уставот и ги распуштиле сите поранешни институции, откако претходно го соборија и затворија претседателот Мохамед Базум во неговата палата.

Западот го осуди пучот и побара враќање на демократијата во Нигер.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...