ВО БРОД СО БАНАНИ ФАТЕНИ 104,6 КИЛОГРАМИ КОКАИН ЗА МАКЕДОНИЈА

Date:

Во Грција се уапсени десетмина вмешани во прекуокеанскиот шверц на дрогата, а во Македонија се уапсени четири лица поврзани со фиктивна фирма која требала да го преземе кокаинот.

Грчката полиција во соработка со колегите од Македонија и канцеларијата на американската служба за борба против дрога во Атина, разби меѓународна криминална организација за трговија со дрога и заплени над 100 килограми кокаин во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Од полицијата во Солун денеска на прес конференција соопштија дека во Грција уапсени се десет лица, запленети се 104 килограми и 665 грама кокаин, како и 280.000 евра.

Кокаинот во Солун пристигнал од Латинска Америка, скриен во специјални делови во контејнер со банани, а од пристаништето бил пренесен во магацин што го користеле членовите на криминалната мрежа.

Грчки полициски извори за МИА брифираат дека токму од магацинот, дел од дрогата требала да стигне во Македонија, а веројатно од таму да се испрати во други европски земји.

Неофицијално, како што дознава МИА, паралелна акција била спроведена кај нас и уапсени се четири лица поврзани со фиктивна фирма која требала да го преземе кокаинот.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Брза штрудла со јаболка

Штрудлата од јаболка е класичен десерт кој мириса на...

Австралиска авторка осудена за роман за сексуална злоупотреба на деца

Австралиска авторка е осудена за создавање материјал за сексуална...

Трендафилов: Мене можете да ме следите, но за снимањето на децата, барам кривичен прогон

Претседателот на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов се пожали...

Бубевски ги отфрла како клевети наводите на адвокатката Кадриу – бара да му се извини инаку ќе поднесе тужба

Јавниот обвинител и доскорешен шеф на Основното јавно обвинителство...