Воз излета од шините во Пакистан – најмалку 19 загинати и 50 повредени

Date:

Најмалку 19 лица загинаа, а 50 се повредени кога воз излета од шините и се преврте во јужен Пакистан, соопштија властите.

Неколку вагони на железничката компанија Хазара експрес се превртеа на станицата Сахара во Навабшах, на околу 275 километри од Карачи.

Повредените се префрлени во околните болници додека спасувачките тимови се обидуваат да ги ослободат заробените во смачканите вагони. Во главните болници во Навабшах и соседните области на Синд е воведена вонредна состојба поради приемот на голем број повредени .

Во Пакистан, железничките несреќи се вообичаени поради застарениот железнички систем.

Еден од најтешките во последно време се случи во 2021 година, кога најмалку 40 лица загинаа во судир на два воза во провинцијата Синд. Од 2013 до 2019 година, 150 луѓе ги загубија животите во железнички несреќи во Пакистан.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер ги објави своите мемоари: „Разводот беше брутален“

Марија Шрајвер и Арнолд Шварценегер беа во брак 25 години, а потоа...

Бен Афлек прв пат јавно зборуваше за разводот со Џенифер Лопез

Во големото интервју за магазинот „Џи-кју“, Бен Афлек отворено зборуваше за...

Се појавија првите фотографии од Џуд Ло како Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Џуд Ло неодамна потврди дека ќе го глуми рускиот...

Ѕвездата на „Озборувачка“ стана татко! Ед Вествик го откри името и полот на бебето

Актерот Ед Вествик (37), најпознат по улогата на Чак Бас во...