Непознат возач вчеравечер прегазил човек на главната струшка улица „Партизанска“, по што избегал од местото на несреќата, соопшти МВР.
„На 09.01.2023 околу 23.10 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на улица „Партизанска” во Струга, патничко возило удрило во М.Д.(58) од Република Албанија и го напуштило местото. Во несреќата М.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струга“, велат од МВР.
Увид извршила екипа од Полициската станица Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сличен случај полицијата бележи и во Битола:
„На 09.01.2023 во 18.35 часот во СВР Битола било пријавено дека нa ул.„Тодор Паница” во Битола, патничко возило удрило во К.П.(71) од Битола и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.П., констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полицискиот билтен.