Вог објави фотографии од свадбата на екс-сопругот на Џенифер Лопез

Date:

Магазинот „Вог“ објави фотографии од венчавката на 54-годишниот пејач Марк Ентони и 23-годишната учесничка на изборот за Мис Универзум од Парагвај, Надија Фереира, што се одржа на 28 јануари.

Меѓу поканетите на величествената церемонија, одржана во Музејот на модерна уметност во Мајами, имаше многу ѕвездени пријатели на парот – Салма Хаек, Малума, Луис Фонси, Лин-Мануел Миранда, Дејвид Бекам со сопругата Викторија, синот Круз и ќерката Харпер.

Инаку, фустаните на деверушите се направени во ателјето на Викторија Бекам.

Израелскиот бренд Галија Лахав работеше на два од фустаните на невестата. Марк Ентони избра да се појави на прославата во костум на Кристијан Диор.

   

Надија до олтарот ја одвел таткото на младоженецот, Фелипе Муњиз, на песната „Книга на љубовта“ (The Book of Love).

По размената на заветите, се одржа свечена вечера, на која се служеа парагвајски јадења.

Да потсетиме, ова е четврти брак за Марк Ентони: тој претходно беше во брак со Дијанаре Торес (2000-2004), Џенифер Лопез (2004-2014) и Шенон Де Лима (2014-2017). Пејачот има шест деца. Двајца од нив – синовите Кристијан и Рајан Муњиз од бракот со Торес – дојдоа на свадбата. Децата кои ги има со Џенифер Лопез, не беа присутни на свадбата, како и самата Лопез.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Потпечени таљатели со спанаќ и моцарела

Потребни состојки:250g таљатели500g спанаќ (може и замрзнат)125g моцарела80g пармезанМалку...

Фенербахче доби уште една битка со Олимпијакос, Асвел ја прекина победничката серија на Барселона

Кошаркарите на Фенербахче издвојуваа победа над Олимпијакос од 87:77...

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...