Словачката скијачка Петра Влхова славеше на слаломската трка во рамките на Светскиот куп се одржа во Флахау, Австрија. Влхова, која беше најдобра и по првото возење, ја забележа првата победа сезонава со време од 1:51,95 минути, односно беше за 0,43 секунди побрза од Американката Микаела Шифрин.
Шифрин на тој начин ја пропушти првата можност да ја забележи 83. победа во Светскиот куп и да го собори рекордот на сонародничката Линдзи Вон, кој го израмни во неделата со триумфот во велеслаломот во Крањска Гора.
На третото скалило на победничкиот подиум се искачи Германката Лена Дир, која беше за 0,85 секунди побавна од победничката.
Во генералниот пласман води Шифрин со 1.195 бодови, Влхова е втора (796), а Холденер е трета (569).