Нејзиниот уметнички израз и креативност доминираа на светските модни писти, а ниту еден поголем настан не можеше да помине без креации со нејзиниот потпис. За жал, Вивиен Вествуд нѐнапушти на 81 година, а како што изјавија нејзините претставници, таа починала во сон, опкружена со семејството.
Во нејзино име, но и на уметноста на која го посветила својот живот, ќе се потсетиме на некои од најубавите креации за кои се зборува и денес.
Блејк Лајвли во 2016 година се појави на филмскиот фестивал во Кан во светло син фустан од споменатиот дизајнер, а целата креација беше инспирирана од ликот на „Пепелашка“.
Во 2010 година, актерката Ен Хатавеј присуствуваше на премиерата на филмот „Алиса во земјата на чудата“ во незаборавна креација на Вивиен Вествуд.
Во 2011 година, Кристина Хендрикс се појави на премиерата на филмот „I Don’t Know How She Does It“ во металик црвен фустан.
Исто така, не треба да се заборави и познатата венчаница која ја носеше актерката Сара Џесика Паркер во филмот „Сексот и градот“, која модните фанатици ќе ја паметат вечно.
Вествуд дојде до израз на модната сцена во седумдесеттите години на минатиот век, со нејзините андрогини дизајни, маици со слогани и непочитувачки однос кон естаблишментот.
Таа беше непоколеблива активистка и на модната писта им даваше простор на темите кои се важни, како што се климатските промени.