Свадбата на годината вредна милион долари се одржа овој викенд на југот на Франција. Софија Ричи, ќерка на пејачот Лајонел Ричи, се омажи за Елиот Грејнџ, син на музичкиот магнат и директор на „Универзал мјузик“, Лусијан Грејнџ.

24-годишна Софија и 30-годишен Елиот го изнајмиле хотелот du Cap-Eden-Roc на една недела, кој според странските медиуми чинел над милион долари само за сместување.

За време на свадбениот викенд, невестата сменила дури три рачно изработени фустани Шанел. Освен венчаницата, имала и краток фустан за забавата и поекстравагантен фустан за дочекот, ден пред свадбата. Целиот настан го следел „Вог“. Непосредно пред свадбата невестата отворила профил на Тик ток каде ги споделила подготовките за венчавката, открива дека се било внимателно испланирано за сите погледи да бидат вперени во нив.

Поради Елиот, Софија пред венчавката се преобратила во еврејската религија, а церемонијата ја одржал рабин. Листата на гости била преполна со милионери и милијардери и бројни познати имиња од светот на шоубизнисот. Освен постарата сестра на Софија, некогашната многу популарна Никол Ричи, присутни биле и Парис Хилтон и Камерон Дијаз.

На свадбата биле присутни и бројни инфлуенсери и тиктокери, поради што на социјалните мрежи можеше се да се следи, што е вистинска реткост за вакви ексклузивни свадби.

@voguemagazine

Replying to @carinaonthetok An exclusive first look at the three #Chanel dresses @sofiarichiegrainge is wearing over the course of her weekend wedding to #ElliotGrainge in the South of France.

♬ original sound – Vogue
@voguemagazine

Replying to @safaribanana @sofiarichiegrainge opened up about her pre-wedding feelings during her final fitting at #Chanel and gushed about her now husband #ElliotGrainge — we’re trying not to cry!

♬ original sound – Vogue