Брук Шилдс тврди дека Андре Агаси ги искршил сите свои трофеи поради нејзината улога во „Friends“

Date:

Актерката Брук Шилдс вели дека нејзиниот поранешен сопруг Андре Агаси имал бурна реакција на нејзината улога во серијата „Friends“ од 1996 година.

Како што раскажала во интервју за „New Yorker“, на нејзиното тогашно момче не му се допаднала сцената во која му ја лиже раката на Џои (Мет Ле Бланк).

Брук рекла дека тогаш тенискиот првак заминал дома и ги скршил сите свои трофеи.

„Андре беше во публиката и ме гледаше и потоа истрча надвор. Ми рече: ‘Сите ме исмеваат. Направи будала од мене со таквото однесување’, а јас му реков: ‘Тоа е комедија! Што е со тебе?’“, изјавила актерката која во новиот документарец од два дела, „Pretty Baby: Brooke Shields“ отворено зборува за својот живот, вклучувајќи и детали за трауматичниот сексуален напад.

Шилдс подоцна дознала дека Агаси користел кристален метамфетамин приближно во тој период за кој спортистот подоцна отворено зборувал.

„Неговото ирационално однесување сигурно имаше врска со тоа“, заклучила таа.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...