Бритни Спирс доживеала нервен слом? Се однесувала манијакално и изговарала бесмислици

Date:

Пејачката Бритни Спирс, наводно, доживеала нервен слом за време на вечера во ресторан во Лос Анџелес во петокот вечерта, поради што нејзиниот сопруг Сем Асгари го напуштил ресторанот, пишува „Ти-ем-зи“.

Луѓето кои биле присутни велат дека Спирс почнала да се однесува „манијакално“ и дека „изговарала бесмислици“.

Дополнително, многу ја вознемирило тоа што гостите во ресторанот почнале да ја снимаат без нејзина дозвола. На видеоснимката, која ја објави „Ти-ем-зи“, може да се забележи дека Спирс се обидува да си го покрие лицето со мени.

Дел од присутните во ресторанот тврдат дека нејзиниот сопруг бил „видно вознемирен“ и дека излегол од ресторанот без неа. Само две минути подоцна, пејачката сама го напуштила ресторанот, а нејзиниот телохранител ја подмирил сметката.

Портпаролот на Спирс сѐ уште нема одговорено на прашањата во врска со овој случај.

Како потсетување, поп-пејачката долги години се соочува со проблеми поврзани со менталното здравје.

Нејзината состојба ескалираше во 2007 година, кога си ја избричи главата и со чадор ги нападна папараците кои се обидуваа да ја фотографираат. Ова однесување резултираше со 13-годишно легално старателство врз неа од страна на нејзиниот татко Џејми Спирс, кое му беше дадено од судот во 2008 година. Вакво старателство се добива кога некоја личност се смета за непогодна за носење важни лични и финансиски одлуки и секоја промена мора да биде одобрена од судот.

Благодарение на нејзините бројни обожаватели, кои ја покренаа иницијативата #FreeBritney, таа беше ослободена од старателството минатата година.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...