Боки 13 ќе прозбори и ќе ги отвори доказите потив бизнисмени, функционери и лица од правосудството во ОЈО ГОКК

Date:

Бојан Јовановски познат како Боки 13 ќе биде сослушан од јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кој потоа треба да му реферира на Ислам Абази, шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Оваа одлука е донесена откако Боки 13 испрати допис до Абази во кој кажува дека располага со сознанија и докази за сторени кривични дела од високо профилни личности од сферата на политиката, правосудниот систем и бизнис елитата. Од ОЈО ГОКК велат дека е оформен предмет кој веќе е распределен кај јавен обвинител.

„Согласно член 25 од Законот за јавното обвинителство основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и останатите јавни обвинители кои раководат со соодветните обвинителства „ги претставуваат јавните обвинителства, раководат со нивната работа, ги вршат правата и обврските определени со закон и донесуваат годишен распоред за работа на почетокот на секоја календарска година”. Кривичното гонење и понатамошното постапување во предметите го извршуваат избраните или упатените јавните обвинители во ова јавно обвинителство. Согласно ова, Основниот јавен обвинител постапувајќи по дописот оформи предмет кој веќе е распределен на постапување кај јавен обвинител кој е задолжен да го сослуша осуденото лице и врз основа на исказот и материјалните докази што осуденикот ги поседува да му реферира на основниот јавен обвинител и да донесе одлука за понатамошно постапување. Обвинителството ги охрабрува сите кои имаат сознанија и поседуваат докази за сторени кривични дела истите да ги пријават во обвинителствата согласно нивните надлежности”, велат од ОЈО ГОКК.

Во барањето Боки 13 вели дека сака без одложување да ги поднесе кривичните пријави и да ги предаде сите докази со кои располага во форма на аудио снимени разговори, транскрипти и остварени телефонски комуникации во форма на пораки, фотографии и видео записи.

Додава дека во месец јули 2020 година почнал со пријавување и поднесување на кривични пријави на записник, заклучно со месец декември 2020 година пред јавен обвинител и требало да продолжам со поднесување на пријавите, но до ден денес не бил повикан.

На 17 февруари Боки 13, суден на затвор од 9 години за „Рекет”, преку својот правен тим до јавноста достави писмо во кое изразува сомнеж за фалсификување на решение како одговор на неговата жалба.

Јовановски вели дека барал прекин на издржувањето на затворската казна, но не го добил, а поранешниот директор на Управата за извршување на санкции, Марјан Спасовски му рекол дека ќе го пушти од затворот во Идризово „ако амин дадат Миле Зечевиќ и Таче” ( со дозвола на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ и премиерот, Димитар Ковачевски).

Боки 13 вели дека во затворот е вратен со метаплазиран желудник, претканцерогена лоша здравствена состојба и дека иако ги усполнува условите, на добива законски прекин на издржување на затворска казна.

По ова Основниот кривичен суд Скопје ги оцени како неосновани неговите обвинувања во кој тој обвинува за фалсификат.

Според судот, „се работи за манипулирање со јавноста, со Законот за кривична постапка и со уставно загарантираните права и слободи на осудениот, а на штета на судот и покојниот судија Огнен Ставрев”.

По ова повторно имаше реакција од Боки 13 во која тој побара од Основниот кривичен суд Скопје да достави доказ дека покојниот Огнен Ставрев бил на четиридневно боледување.

Јовановски од болничко лекување повторно беше вратен во затворот во Идризово, како што тврди неговиот правен тим, во предканцерогена состојба.

Во следниот допис до јавноста, правниот тим на Боки 13 тврдеше дека тоа е спротивно на препораките дадени од десетици лекари кои го лекувале Јовановски во изминатиот период, спротивно на конзилијарните мислења и лекарските извештаи.

Според реакцијата, ако Јовановски на кој му се потребни посебни третмани кои може да ги добие само дома, не биде пуштен од затвор, загрозен му е неговиот живот.

Со ново соопштение до јавностана 19 февруари годинава правниот тим на осудениот Јовановски побара од Судскиот совет да се формира комисија.

Барањето беше да се спроведе вонреден надзор за состојбата на Боки 13 и за тоа дали во предканцерогена состојба, како што тврди неговиот правен тим, тој навистина треба да биде одбиен во барањето да му се дозволи прекин на издржуавање на затворската казна поради сериозноста на здравствената состојба.

Вчера Судскиот совет одлучи дека ќе изврши вонреден надзор врз работата на Основниот кривичен суд Скопје за да провери дали судот законски постапувал во предметот, во јавноста познат како „Рекет“.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПФМЛ: Силекс и Работнички се израмнија со Шкендија!

Eкипата на Силекс во денешните натпревари од 18. коло...

Норис победи во Абу Даби, Мекларен ја освои титулата за конструктори!

Ландо Норис победи на последната трка оваа сезона во...

Атлетиката доби нова ѕвезда, 16-годишниот Гоут урна рекорд на Болт

Гоут Гоут, австралиски тинејџер кој има само 16 години,...

Што најмногу се слушаше на Spotify во 2024 година?

Spotify ги објави своите годишни листи на најслушани артисти,...