Блејк Лајвли се огласи со симпатична објава на „Инстаграм“ и откри дека таа и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс го дочекале своето четврто дете заедно.
Во најновата објава на социјалната мрежа, каде сподели и фотографија од неа по породувањето заедно со сопругот и неговата мајка, актерката напиша: „Бев зафатена!“
Ѕвездата на Gossip Girl (35) блеска со весела насмевка стоејќи помеѓу сопругот ѕвезда на Deadpool (46) и неговата мајка, Тами, додека им покажува на фановите дека повеќе нема труднички стомак.
Двете љубовни птички, кои се венчаа во 2012 година, веќе ги имаат ќерките Џејмс (7), Инез (6) и Бети (3).
Среќната вест за бебето доаѓа набргу откако анонимен извор изјави за „Ју-ес викли“ минатиот ноември дека Блејк наскоро по четврт пат ќе добијат принова во семејството.