Сопругата на раперот Канје Вест, Бјанка Ценсори ги запрепасти обожавателите, покажувајќи го задникот во проѕирни хулахопки во Лос Анџелес, пишува американското издание на „Сан“.
Неколку дена откако раперот го прослави својот 46. роденден на прилично бизарен начин, тој и неговата сопруга (28) биле забележани како купуваат храна од еден ресторан за брза храна.

Ценсори излегла од ресторанот во полупроѕирни хулахопки и без долна облека, а целиот нејзин задник бил видлив додека влегувала во автомобилот. Исто така, таа не носела чевли.
Вест бил облечен на сличен начин – со црна маичка и црни хеланки. И тој, исто така, не носел чевли.

Оваа двојка, која успешно го привлекува вниманието на медиумите во последно време, се почесто се појавува во јавноста и не ја крие љубовта. Неодамна беа фотографирани како разменуваат нежности пред еден ресторан во Калифорнија.

