Фудбалерите на Арсенал ја совладаа Барселона со 5:3 во пријателскиот натпревар кој беше одигран во Лос Анџелес, САД, на стадионот „СоФи“.

За англискиот вицешампион по еднаш во листата на стрелците се запишаа Букајо Сака, Каи Хаверц и Виеира, а двапати Леандро Тросар.

На спротивната страна за каталонскиот гигант по еден погодок имаа Левандовски, Рафиња и Торес.

Победата на Арсенал можеше да биде уште поголема, но Сака во 22 минута не реализираше пенал.

Арсенал следниот контролен меч ќе го има на 2 август против Монако на „Емирати Куп“, додека Барса за два дена во Арлингтон го очекува тест со Реал Мадрид.