ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“ НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН
Иако робството било наметнато на слободољубивиот човек од сите делови на Македонија, тој сепак не се откажувал од духот на Илинден, на Крушевската Ре,публика, на нејзините легендарни војводи Гоце Делчев, Никола Карев, Питу Гули, Јане Сандански и други, од словото на Крушевскиот манифест и се подготвувал за вториот Илинден, што конечно ќе донесе слобода.
Почетокот на Втората светска војна не го измени животот на луѓето во цела Македонија. Економски кризи, безработица, разни политички влијанија од соседните земји, политичка и културна потчинетост и сиромаштија биле главните одлики на тој период.
Мошне брзиот развој на народноослободителното движење во Македонија ги разбеснил бугарските фашистички окупатори, кои дотогаш сметале дека во Македонија наишле на поволна почва, а потоа се разочарале, па затоа извршиле големи репресии врз народот. Во востанието што во 1941 година отпочнало за разлика од 1903 година, македонскиот народ не бил сам, со него биле сите народи и народности на поранешна Југославија. Тие со своите вооружени востанија биле најблиските и најверните сојузници. И соседните народи што се дигнапе на востание, водејќи борба против заедничкиот непријател се јавувале исто така во својство на сојузници. Но што е уште позначајно, со Востанието и Револуцијата, македонскиот народ се сврстил како рамноправен партнер во редот на антихитлеровата коапиција.
Со ова македонскиот народ заедно со другите народи на Југославија со својата упорна и долготрајна војна против германските агресори и нивните сојузници – Италија, Бугарија и други за сојузници ги добиле најголемите сили во светот: Советскиот Сојуз, Америка, Англија и други. Со постепеното вклучување на широките маси во востанието, војната се ширела така што во 1942 година дејствувале 9 партизански одреди, во 1943 година се создапе баталјони и бригади, а во 1944 година била создадена армија од седум дивизии – која го реализирала ослободувањето на Македонија.
На ред со растењето на вооружените формации (партизанските одреди, бригадите и дивизиите) се засилувале вооружените борби, се засилувале разновидните форми на отпор против окупаторите. Ова засилувања на борбите и отпорот во целина овозможувапо, едновремено да се развиваат разновидни антифашистички општествено – политички организации, како што беа Народноослободителниот фронт, Антифашистичкиот фронт на жените, Сојузот на младината, Фронтот за народна помош и други, кои постепено го опфатиле речиси целиот народ.
Едновремено со тоа низ борбените акции, уривајќи ги старите и окупаторски органи на власта, се создале нови револуционерни органи на народната власт. Веќе во 1942 година во реоните каде што најсилно биле развиени оружените борби (во Велешко, Прилепско, Крушевско и др.) се создале и првите органи на народната власт – народноослободителни одбори, кои носеле многу разновидни имиња како на пр.: тајни комитети, тајни војни комитети и сл.
Во 1943 година разгорувањето на востанието овозможиле мрежата на органите на народната власт уште повеќе да се прошири и народноослободителни одбори да се создадат на ослободените и полуослободените територии, кои работеле легално како и на неослободените територии каде својата функција на народната власт ја вршеле илегално.
На 2 август 1943 година на Преспанското советување се донеле неколку извонредно значајни одлуки:
– Од партизанските одреди да се создаваат воени единици, баталјони и бригади.
– Уште позасилено да продолжи активноста на создавање органи на народната впаст.
– Да се отпочне со подготовките за организирање и свикување на заседание на највисокиот орган на народната револуционерна власт – Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија – АСНОМ.
Советувањето дало нов поттик на востанието, а брзото ширење на слободните територии, посебно на оние во Западна Македонија, со двата слободни града Кичево и Дебар го овозможувапо развивањето на органите на власта, и поефикасното организирање на нивното функционирање.
Така, на ослободената територија во Западна Македонија во 1943 година биле формирани и повисоки органи на власта: општински, околиски и обласни народноослободителни одбори, кои својата власт ја развивале во сите области на еден народен државен механизам. Успешно функционирале судовите, првите основни школи на македонски јазик, се регулирапе основните принципи за трговијата на слободната територија и со неослободените краишта итн.
Методи Андонов-Ченто
Во рамките на подготовките за организирањето на АСНОМ спаѓал и Манифестот на Главниот штаб објавен во ноември 1943 година, кој по својата содржина имал програмски карактер. Во него многу јасно се изнесувале целита на вооруженото востание, односно на Македонија во новата државна заедница на југословенските народи, односно кон соседните народи, потоа рамноправниот однос на македонскиот народ и народностите во Македонија и друго.
Манифестот е документ што заслужува посебна доработка но во овој случај само го именуваме поради неговиот карактер и значење што во широките народни маси било еднодушно прифатен. Се’ тоа на планот на подготовките за организирањето на АСНОМ заедно со широката мрежа на народноослободителните одбори значеле голем чекор напред.
Замислата Првото заседание на АСНОМ – да се свика во есента 1943 година на слободната територија во Заладна Македонија го попречила германската офанзива, при крајот на ноември и првите денови на декември 1943 година. Потоа, во март 1944 година по успешниот Фебруарски поход, Иницијативниот одбор за организирање на АСНОМ, формиран при крајот на октомври, со едно писмо издал налог до сите народноослободителни одбори, на широки собири и на демократски начин да се изврши избор на народни претставници за Првото заседание на АСНОМ.
Во екот на вооружените борби да се спроведуваат демократски избори претстааувал посебен феномен, но едновремено тоа говори за силата и развиеноста на востанието, но и за единството и сплотеноста на македонскиот народ и народностите.
Во април отпочнале постепено да се прибираат на слободната територија, (во реоните на Козјак Планина), избраните пратеници од окупираните и слободните територии и од единиците. По успешното завршување на пролетната офанзива што се развивала во Македонија и Јужна Србија (од 25 април до 18 јуни 1944 година) освен градовите, цела Македонија претставувала слободна територија, а градовите во неа окупаторски острови.
Веднаш засилено се пристапило кон најнепосредните подготовки за работа на Првото заседание; се подготвувале реферати, проект на документи што требало да ги донесе Првото заседание на АСНОМ и др.
Главниот штаб едновремено ја организирал и непосредната и пошироката безбедност на работата на заседанието, а агитациско-пропагандното одделение на Главниот штаб го вршело техничкото организирање на непосредната заштита на Заседанието.
Се поставило прашањето за денот на одржувањето на Првото заседание и едногласно се решило тоа да биде на 2 август 1944 година, да се поврзе со Илинденското востание од 1903 година, што на своевиден начин симболизирало дека востанието од 1941 година, претставувало, продолжување на поранешните борби на македонскиот народ, на Илинден 1903 година.
Прололжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН