Фудбалерите на Челси и Арсенал постигнаа по пет голови на подготвителните натпревари во САД. „Сините“ беа подобри против нисколигашот Врексам со 5-0, а „топчиите“ со пет гола ги понижија ѕвездите во МЛС-лигата.

Двоен стрелец за Челси против Врексам беше Иан Матсен во првото полувреме. А потоа премиерлигашот преку Конор Галагер, Кристофер Нкунку и Бен Чилвел ги постави конечните 5-0.

На идентичен начин Арсенал го растури олстар-тимот од МЛС. Габриел Жесус погоди прв во мрежата на противникот, а потоа следеа голови на Леандро Тросар и Жоржињо. Англискиот тим преку Габриел Мартинели и Каи Хаверц ја потврди убедливата победа.