ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО
СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА“ ОД АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН
Библиотеката во Алексабдрија, во Египет која е изградена во околу 31 година п.н.е. во склоп на Музејот, одиграла големо значење во развојот на македонската и светската кутура и цивилизација. Оваа најпозната античка библиотека имала уште во 250 година п.н.е. фонд од 500 000 ракописи, за во времето на Цезар да достигне 700 000. Со ова Александрија навистина станала најважен светски научен центар, привлечен за интелектуалците и од најдалечните земји.
Во нејзината гимназија се изучувал александровиот македонски јазик, а на тој јазик е преведен Стариот завет од јудејски, од страна на 70 научници за време на Птоломеј II. Овој значаен цивилизаторски превод званично има два назива и тоа александриски, бидејќи е направен во Александрија и септуагинта по бројот на преведувачите.
Според преданието секој од седумдесетмината морал да работи потполно независно од останатите. Сепак, на крајот, сите преводи биле идентични, што се толкува со општата инспирација од Светиот дух кој се излеал на Евреите кои ја извршиле работата.
И како што Александар тежнеел кон создавање единствен глобален свет, така исто и во религиски поглед во Македонско-египетското кралство се родила идејата за создавање единствена монотеистичка христијанска религија и нови облици на религиска свест, што е понатамошен прилог на Македонците во светската цивилизација.
Во Александриската библиотека е извршен и превод на будистичките канони на кинески јазик. Покрај тоа, таа влијаела на формирање библиотеки во будистичките центри во Индија. Овој моќен културен центар ги привлекол најмоќните мислители на тогашниот свет, како славниот математичар и оснивач на геометријата, Еуклид, математичарот Архимед, географот, историчарот, филозофот и хроничарот Ератостен (285-205), астрономот Аристарх и други бројни медицинари и културни работници.
Библиотеката е запалена во VII век н.е. од страна на арапскиот Халиф Омар, кој рекол: „Она што им е потребно на луѓето да знаат, тоа е напишано во Коранот, а што не е напишано во Коранот, тоа не им е ни потребно на луѓето да го знаат“. И покрај тоа многу документи биле сочувани и подоцна се преведувани. И денес, по толку векови, во почетокот на овој милениум, т.е. во 2002 година, завршени се работите и повторно е отворена Новата Александриска библиотека во Египет, чиј спонзор е УНЕСКО, а чинела повеќе од 200 милиони долари.
Зградата со 11 ката изградена е таму каде што порано била Македонската александриска библиотека и станала симбол на целокупното светско знаење и уште еднаш го потсетила светот дека Македонците и под Птоломеите биле оние кои ги создале темелите на денешната цивилизација. Денешната библиотека е институција на информатичката епоха со околу осум милиони книги, 300 читални и конференциски амфитеатар за 3 500 учесници, ќе служи, како и во време на Македонскиот комонвелт, на целата светска култура и наука.
На финансиски план, Александар Македонски (Велики) прв во светот вовел централизација на финансиското работење, со база во Пела, Еквабатан, а потоа во Бабилон. Надвор од Македонија, на чело на овој ресор е ставен Харпал, кој ја држел финансиската администрација, собирал порези и такси и раководел со империјалниот трезор. Покрај тоа, воведен е монетарен систем и кралска валута од ковани златни и сребрени пари.
Паралелно со ова, создадена е и нова економска политика со развојот на трговијата, копнениот, речниот и поморски сообраќај. Со преземените мерки ставен е крај на гусарството, кое со векови беснеело на Медитеранот, за што многу пластично сведочи Тукидид. Воден од идеите на својот голем учител Аристотел и опкружен со одлични соработници, Александар ја развил истражувачката и научна работаво природните науки.
Со цел да се истражува флората и фауната, пратил големи истражувачки екипи на Кавказ, на Каспиското Море, во Персискиот Залив, Црвеното Море, водопадите на Нил и друго. Резултатите од истражувањата направиле вистинска револуција во зоологијата, фитологијата, географијата, физиката, математиката, астрономијата, метереологијата, геологијата, архитектурата, медицината, фитотерапијата и др.
На полето на културата направени се единствени чекори во религијата, филозофијата, историографијата, филологијата, реториката, поезијата, музиката, сликарството, вајарството и други форми на интелектуалниот и уметничкиот живот.
Многу идеи кои ги поттикнал Александар, остварени се во текот на неговиот краток живот, или се реализирани од неговите наследници, додека другите се актуелизирани дури и од римските императори.
Почитувајќи ги неговите услуги, Римјаните му ја дале почесната титула „Велики“ (Магнус), кој назив му останал сè до денес.
Од страна на историографите, а на основа на историскиот придонес, на Александар Македонски му е дадено првото место, а потоа се класифицирани Скипион Африкански, следи Пир Македонски итн. Кај многу народи Александар Македонски станал легенда.
Од друга страна, Александар Велики достојно му се оддолжил на својот народ на тој начин што големиот син на една мала балканска земја, на вреден и горд народ, сторил името Македонија да стане познато и почитувано во целиот свет низ сите историски периоди до денес.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
АЛЕКСАНДРОВАТА БИБЛИОТЕКА – СВЕТСКИ НАУЧЕН ЦЕНТАР (24)
Date: