Откако работниците се заканија со ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК во септември падна договор за 10 отсто поголема плата

Date:

Синдикатите и Владата денеска постигнаа договор за зголемувањето на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор. Платите во јавниот сектор од 1 септември ќе бидат зголемени за 10 отсто, а вработените ќе добијат 10.000 К-15.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека е постигнат договор за потпишување на општиот колективен договор и за сите оние спорни прашања кои со месеци се разговараат со претствниците на синдикатите.

-Договоривме дека новата методологија за прсметка на платио за вработените во јавниот сектор ќе започне од март 2025 година. Со сптемвриската полата во 2023 ќе биде покачувањето од проценти на платите во јавниот сектор, К-15 до крајот на декември 2023 година во висина од 10.000 денари, а во општиот колективен договор ќе стои одредба за исплатата на К-15 од 2024 година да биде најмалку 30 проценти од висината на просечната плата во изминатата година, објави во изјавата за медиумите по средбата Тренечевска.

Синдикатите остануваат на барањето, зголемување на платите врз основа на податоците за инфлација според кои минатата година таа беше двоцифрена нешто над 14 отсто. Според пресметките на синдикатите ако функционерите си ги намалат платите и ги доведат на ниво од пред покачувањето за 78 отсто, за секој еден вработен во јавниот сектор би имало по 1500 денари за покачување на платата.

„Сметаме дека оваа година платите на вработените во јавниот сектор треба задолжително да ја покријат инфалацијата. Дел од синдикатите размислуваат тоа да биде во насока 12, 55 проценти колку што се зголеми минамалната плата и на тој начин да се усогласат платите . Или пак процентот за кој е порасната просечната плата 10,9 проценти да биде основниот параметар имајќи во предвид дека од март 2025 година токму просечната плата ќе се множи по коефицинет на сложеност како што тоа е денеска случај за функционерите.“ – вели Слободан Трендафилов претседател на ССМ.

Без да прецизира одредени детали, министерот за финансии Фатмир Бесими оптимист. Во интервју за МИА Бесими вели се блиску се до решение за платите. Смета дека ако се продолжат со ова темпо за неколку денови ќе се заокружи ова прашање.

„Сакам да бидам и повторувам дека сум рационален омптимист во смисла дека оптимизмот те става во конфорна зона и сметате дека не треба ништо да се ангажирате и дека работите ќе се решат сами по себе. Рационалниот оптимизам е дека треба тоа што го имаме како оптимистичко очекување, да вложиме напори да го постигнеме. Мислам дека има солидна клима, има меѓусебна доверба, волја за решение, треба уште некои финеси да ги дефинираме и доколку сме со овој интензитет, прашање на денови е кога би го заокружиле ова со синдикатите во интерес на сите граѓани.“ – вели Бесими.

Минатиот месец на едно четиричлено семејство за минималните трошоци му биле потребни повеќе од две минимални плати или 48 543 денари. Според пресметките на синдикатите иако во однос на претходниот месец има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и пијалаци се зголемени. А од почетокот на енергетската криза според заводот за статистика пак, прв пат стапката на инфлација во земјава падна под 10 проценти.

Доколку очекувањата сепак не се остварат,за синдикатите останува оторена опцијата за протести.

„Ако не се постигне договор, незадоволството само ќе расте. Она што сега се случува со поединчени протести со почетокот на септемрви може да прерасне во голем општ генерален штрајк и цел јавен сектор да застане со работа“, дециден е Деаноски.

Според Здравко Савески, доктор на политички науки и предавач на Институтот за општествени науки, разбирливо е незадоволството на вработените во јавниот сектор бидејќи во изминатата година нивните плати не држеа чекор со инфлацијата,а на сето тоа се надоврза и зголемувањето на платите на функционерите, што го претвори незадоволството во отворен револт. Синдикатите вели тој покажаа апсолутна разумност и кооперативност во изнаоѓање решение, но зголемувањето на платите е остварливо но ако има политичка волја.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Фенербахче доби уште една битка со Олимпијакос, Асвел ја прекина победничката серија на Барселона

Кошаркарите на Фенербахче издвојуваа победа над Олимпијакос од 87:77...

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...

Мециновиќ: Парламентот изгледа како зоолошка градина кога Левица ќе ги спомене патните трошоци

,,Знаеш ли како изгледа парламентот кога ќе излезеш на...