Адел и Ед Ширан му дадоа „корпа“ на кралот Чарлс Трети

Date:

Бакингемската палата уште во октомври минатата година, го објави официјалниот датум на крунисувањето на кралот Чарлс Трети. (74). Имено, крунисувањето е закажано за 8 мај, во Вестминстерската опатија, а таму ќе биде крунисана и неговата сопруга кралицата Камила Паркер-Боулс (75). Целата церемонија ќе започне два дена порано, на 6 мај, а важноста на овој историски настан е и во тоа што ова е прво крунисување по 70 години.

Палатата ги објави деталите за крунисувањето во јануари, а сега се дозна и  дека кралот сакал да му пеат популарните британски музичари Адел (34) и Ед Ширан (32). Концерт во негова чест е закажан за 7 мај во замокот Виндзор, а како што пишува „Дејли мејл“, и Адел и Ед учтиво ги одбиле поканите бидејќи наводно се „зафатени“.

„Кралот предложи кој би сакал да пее за него и на тој список се и Адел и Ед. Голема желба му беше тие да бидат на концертот. Во организацијата постои тим кој е задолжен за контактирање со ѕвездите, па тие испратија прашалник и ним, но одговорот беше дека се зафатени, што е големо разочарување. Тие се титани на шоубиз индустријата, а покрај тоа и Британци се познати низ целиот свет. Голема штета“, тврди изворот за таблоидот.

Имено, Ед Ширан има концерт на 6 мај во Тексас, поради што наводно бил спречен да дојде во Виндзор, иако постоела можност да пристигне во Лондон за девет часа со приватен лет, што не му би било првпат да брза на друг концерт. А освен тоа, тој веќе беше дел од јубилејот на кралицата, кога во чест на кралицата го испеа својот хит „Perfect“. Адел официјално нема ништо закажано за тие денови, со оглед на тоа што нејзините концерти во Лас Вегас завршуваат на 25 март.

„Дејли мејл“, исто така, претпоставува дека кралот го сака Хари Стајлс на концертот.

Меѓу оние кои се согласиле да настапат е и Лајонел Ричи, како и женскиот бенд „Спајс грлс“, но не се знае дали со нив ќе настапи и Викторија Бекам.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од...

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...