Агелер: Едно до две имиња од Македонија ќе бидат на црната листа на Вашингтон

Date:

Американската амбасадорка Анџела Агелер најави дека едно или две имиња од Македонија ќе содржи црната листа на Вашингтон што ќе биде објавена во наредните месеци.

Таа истовремено повтори дека има повеќе листи на санкции кои се подготвуваат во Вашингтон.

Според неа има луѓе чии имиња како што вели треба да се разгледаат, но бидејќи системот во Вашингтон е многу правно внимателен, тоа бара време и истражување за наводните криминали за да не биде ставиен на листа некој што не заслужува да биде таму, додава американската амбасадорка во земјава.

Според неа, тоа е систем кој се менува и поместува и во наредните месеци, ќе се видат, како што истакна, едно или две имиња и тоа ќе биде процес што ќе продолжи.

„Тоа е континуиран систем во Вашингтон“, порачува Агелер.

Зајакнувањето на правосудството како што прецизира е топ приоритет за Америка.

Како што рече, не сака да ја коментира листата на идни судии и обвнители од Академијата, но беше децидна дека прашањето за непотизам е многу битно.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Доларот зајакна, порасна цената на нафтата

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми...

Пратениците гласаа за избегнување на предвремени локални избори во три општини

Пратениците во македонското Собрание со 69 гласа „за“ и...

Судија и обвинет 95 пати разговарале на телефон, се барало негово изземање, но тој донел пресуда

Судијата Лазар Нанев со обвинет во предмет остварил 95...