Атлетичарка со македонски корени, која трча за Австралија, викендов оствари историски резултат. 

Младата 16-годишна Делта Амиџовски го сруши рекордот на олимписката шампионка Сели Пирсон во Австралија на трката на 100 метри со пречки за натпреварувачки до 18 години.

„Не можам да верувам. Ова е голем благослов. Кога работите напорно, резултатот ќе се исплати. Чувството е неверојатно. Сали беше мојот идол и да се урне нејзин рекорд е нешто неверојатно“, рече за австралиските медиуми Амиџовски.

Амиџовски постигна време од 13.02 секунди и така го урна рекордот на Пирсон од пред дваесет години, кој изнесуваше 13.14 секунди.