Австралија, славеше на дуелот против Јапонија (109:89) во натпревар за второто место во Групата Е, и на тој начин обезбеди пласман во втората фаза. Селекцијата од Азија, која воедно е и една од домаќините, беше целосно надриграна во натпреварот и немаше речиси нинакви шанси да дојде до изненадување, иако во поедини моменти успеваше да ја намали високата предност на Австралијанците.
Кошаркарите на Франција го совладаа Либан со 85:79 во третото коло на Мундобаскетот и ја постигнаа само првата победа на турнирот.
Французите успеаја да се спасат од голема бламажа, иако во некои делови од играта се чинеше дека азискиот тим може да оствари историска сензација. Во втората четвртина Либан имаше максимална предност од 10 поени. Сепак, овој тим не успеа да го направи најголемото изненадување на Мундобаскетот. На крајот Французите го свртеа мечот и го решија во своја полза.
До прва победа на турнирот дојде и Египет, кој го изненади Мексико со 100:72, но и двете селекции не успеаја да обезбедат следна фаза, а до триумф дојдоа и Германија над Финска (101:75), како и Доминиканска Република над Ангола (75:67).