Австралиец изгубил 6 килограми сало од стомакот правејќи само една работа во животот, откажување од алкохол, пишува Дејли Мејл.
Џејмс Сванвик, раководител на програмата за животен стил без алкохол, одлучил да престане да пие 30 дена за да открие каков ефект би имало тоа врз неговото здравје.
Но рфезултатите биле толку драматични, што решил засекогаш да се збогува со пиењето и да се посвети на промовирање на трезен начин на живот.
По првите 30 дена без алкохол, Свонвик изгубил неверојатни 5,9 кг од пределот на стомакот. Во мај 2021 година додека седел во ресторан во САД и едвај јадел поради масовен мамурлак, тој решил да се обиде да не пие 30 дена.
Овој претприемач и инвеститор вели дека тие 30 дена без алкохол целосно го трансформирале.
Џејмс вели дека никогаш не пиел прекумерно туку пиел само социјално. Сепак тоа почнало да го прави несреќен.
Тој додава дека првите две недели биле најтешки.
- Кога излегував со пријателите и нарачав вода, тие ме исмејуваа. Ми рекоа дека не сум вистински Австралиец ако не пијам, вели тој.
Сепак остана на својата одлука и по 30 дена ослабе 5,9 килограми.
Најмногу маснотии изгубил токму од стомакот, бидејќи е познато дека кај мажите кои редовно пијат маснотиите најмногу се таложат околу таа област.
Но тоа не е се. Покрај тоа што ослабел, и тоа на најкритичното место, значително му се подобрил и сонот се чувствувал подобро и бил во подобра форма.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]